Обилни врнежи го погодиле Истанбул вчера, а поради тоа улиците биле поплавени, а имало и отежнат сообраќај.
Имено, едно лице било пронајдено мртво во внатрешноста на поплавен подвозник, јавила приватната новинска агенција ДХА, пренесува АП.
Телевизијата Абертурк известила дека дождот го поплавил и историскиот град Гранд Базар, комплексот на атрактивни улици со бројни продавници.
Властите го запреле траектниот превоз преку Босфор, а укинати биле и некои трамвајски линии.
Абертурк јавил дека и еден автомобил упаднал во јама поради рушење на патот, но дека патниците не биле повредени.
Flood after heavy rains in #Istanbul’s old district #Eminönü on 17/08/2019#yagmur pic.twitter.com/nwpkpRndte
— Jaber Aburas (@jaberaboras) August 17, 2019