(Видео) Еве како ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески

Уште пред две години беше најавено дека гpoбот на трагично загинатата ѕвезда Тоше Проески ќе добие достојно почивалиште и тоа 12 години по неговата cmpт, пишува порталот Магазин.

Општина Крушево веќе избра идејно решение за уредување на гpoбот на Тоше, а автор на идејното решение е Жарко Чаушевски. Како што велат на овој конкурс всушност Чаушевски бил единствениот пријавен, а тој е избран по втор пат за уредување на гпобот на Проески. Инаку тој е познат по неколку проекти, како проектот „Скопје 2014“, меѓу кои – новата фасада на Владата и преслекувањето на ГТЦ во барок (што не се реализираше).

Како што соопштија општина Крушево за изградбата ќе бидат потребни 150 илјади евра, средства за кои веќе аплицирале до Министерството за култура.

Целата статија и видеото можете да ги пронајдете ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.