Пронајден е древен резервоар со лава и ризница со дијаманти околу 410 километри под Земјината површина.
Се смета дека таканаречениот резервоар на лава е стар колку и Месечината, а дека е настанат пред 4.5 милијарди години.
Постоењето на овие резервоари го потврди меѓународен тим на истражувачи кои ги мереле изотопите на хелиум во дијамантите, кои на површината на Земјата излегуваат со силни вулкански ерупции.
Трагите на елементите го потврдиле нивното потекло и им овозможиле на научниците да ја состават целата приказна. Како се формираат резервоарите со лава и дијаманти сеуште е мистерија.