(ВИДЕО) “Бисер Балкански” ечеше на Триглав: 20 планинари од Прилеп успешно се искачија на највисокиот врв во Словенија

Дваесет планинари од З.П.А “Трескаец” oд Прилеп, предводени од претседателот на друштвото, Христијан Секулоски, викендов го освоија планинскиот врв Триглав во Словенија, кој се издига на 2864метри надморска висина.

Условите до самиот врв биле екстремни. Нашите планинари поминале низ густа магла, а наместа друштво им правел и силниот ветер. Но на крајот успеале, а својот успех го прославиле со пеење на “Бисер балкански”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.