Манастирот Св. Димитрија над село Селце во Прилеп во изминатите години се повеќе се уредува и добива целосно нов лик
Изминатиот период се работеше на поплочување и уредување на дворот. Се наредија коцки, се посадија нови дрвца, цвеќиња…., па сега манастирот наликува на вистинска рајска градина.
Она што се’ уште е проблем е културата на дел од нашите сограѓани кои во околината на манастирот фрлаат отпадоци, наместо ѓубрето да го понесат со себе.
Погледнете како изгледа ова прекрасно светилиште навечер:
Секоја чест за иницијативниот одбор и за луѓето кои секогаш безрезервно се вложуваат да направат нешто убаво и корисно за сите.