Околу 80 проценти од основните и средните училишта во Холандија не работат поради штрајк на просветните работници.
Штрајкот на просветните работници се одржува во исто време додека во Владата се дебатира за буџетот за образованието.
Просветните работници се одлучија на штрајк и покрај тоа што Владата на премиерот Марк Руте минатата недела постигна договор со синдикатот за дополнително инвестирање во образованието од 460 милиони евра, со цел да се вработи нов кадар, за подобрување на условите за работа и за зголемување на платите.
#TeacherProtest in The Netherlands
'Tens of thousands of teachers are protesting throughout the country'pic.twitter.com/lhd6d9y7La
— Oh boy what a shot (@ohboywhatashot) November 6, 2019