Битолчани повторно ќе гледаат европски ракомет: Еурофарм Пелистер ја доби потребната „вајлд-карта“ за Лига на шампиони

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за новата сезона од Лигата на шампионите, потврди Европската куќа на ракометот (ЕХФ). Така, втора година по ред ќе се игра елитен ракомет во Битола.

Пелистерци како шампиони на Македонија поднесоа барање за настап во најквалитетното друштво затоа што ранкингот на нашата земја падна на ЕХФ-листата, па од куќата на ракометот решија да го прифатат барањето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.