А ние се жалиме дека нема снег цела зима: Погледнете како изгледа прекривката во Канада висока 4 метри (Видео)

Источниот дел на Канада е погоден од едно од најголемите снежни невремиња во историјата.

Ситуацијата дополнително се влоши со тоа што ветровите достигнаа брзина од 130 километри на час и во комбинација со обилните врнежи од снег предизвика огромни проблеми во сообраќајот.

Некои снежни наноси се повисоки од четири метри поради што единици на армијата помагаат во расчистување.

Локалните жители смислија име за ситуацијата – „сноумагедон“ – и така ги преплавија социјалните мрежи.

Покрај тоа, видливи се и снимки од луѓе кои буквално копаат надвор од своите домови. Метеоролозите неделава најавуваат нов снег. Затоа, вонредната состојба останува во сила.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.