Анкета: “Кој треба да биде пратеник од СДСМ Прилеп?”

Во пресрет на предизборните кампањи за предвремените парламентарни избори на 12 април 2020 година, низ чаршијата во Прилеп започнаа да се слушаат муабети за тоа со кои пратеници за Прилеп треба да истрчаат на листите политичките партии.

Партиите прават калкулации и мерат рејтинзи, а граѓаните зборуваат. За владеачката СДСМ од Прилеп како кандидати се спомнуваат актуелниот претседател на Советот на општина Прилеп и Претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески, потоа раководителот на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Прилеп, Зоран Пачешкоски, раководителот на Фондот за здравство во Прилеп, Кристијан Пиличев и екс секретарот на ОО СДСМ Прилеп и советник во Советот на општината, Никола Багески.

До изборите има уште речиси 5 месеци, но врз основа на овие муабети кои циркулираат во јавноста ве прашуваме:

“Кој треба да биде пратеник од СДСМ Прилеп?”

[democracy id=”47″]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.