ПЕНТАГОН: “Нападите во Сирија се еднократни со цел да испратат порака до Асад”

Секретарот за одбрана на САД, Џим Матис рече дека вечерашните напади биле посилни од оние во 2017 година, но инсистираше на тоа дека нема да се планираат дополнителни лансирања. Вашингтон исто така истакна дека Москва била предупредена за ова – пренесеува “Раша Тудеј”.

“Моментално се работи за еден напад и веруваме дека ќе испратиме силна порака”, изјави Матис за време на брифингот во Пентагон, додавајќи дека можни се идни напади против владата на Башар ал Асад доколку одлучи да употреби хемиско оружје во иднина.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.