Кучето во Аеродром искасало четири деца и две жени: 6 часа ројтвајлерот дивеел и напаѓал

Четири деца и две жени вчаравечер во период од 20 до 2 часот по полноќ биле искасани од куче. Полицијата по пријавата на случаите ја известила шинтерската служба.

Од МВР утринава информираат дека настаните се случиле во населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.

Од кучето скитник каснати биле четири деца на возраст од 10 до 14 години, како и две жени на возраст од 40 и 44 години.

Според пријавата првиот напад е на 40-годишна жена на булевар АСНОМ која кучето ја каснало во пределот на ногата.

Вториот случај е 11-годишно девојче кое е каснато на булеварот „Јане Сандандски“ во пределот на левото рамо и лева надлактица.

Третото дете кое било нападнато и каснато од кучето во подколеницата на десната нога е 13 годишно момче на булеварот АСНОМ. На АСНОМ исто  така е и четртиот случај во кој е каснато 14-годишно момче во пределот на подколениците на двете нозе.

Со повреди се здобила и 44-годишна жена која заедно со своето дете и уште две други малолетни деца се движеле по булеварот АСНОМ.

Според пријавата во полицијата кучето агресивно ги нападнало, жената во обид да ги одбрани децата била касната во левата рака, а едно од децата на возраст од 10 години било каснато во десната нога под коленицата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.