дома блог страница 2643

Хороскопски знаци кои ќе ги прочитате лесно како буквар

И додека некои луѓе спаѓаат меѓу најголемите светски мистерии, оние кои се родени во следните хороскопски знаци, ќе ги откриете како „Буквар“.

Нивната невербална комуникација, односно говорот на телото им ја открива речиси секоја мисла и емоција, па нема да треба ни да ви кажат што мислат, пред да сфатите на што сте.

Лав

Лавовите не сакаат да губат време на покажување колку се мистериозни или пак дека нешто кријат. Тие со погледи, со движењата на рацете и со целото тело ќе ви покажат сè што мислат за вас, како се чуваствуваат во одредена ситуација и како се расположени. Кај нив маски не постојат.

Риби

Рибите се толку емотивни што едноставно е невозможно погрешно да го разберете нивното расположение. Многу се драматични и отворени и за никого не би се промениле. После кратко набљудување на луѓето родени во знакот на Риби, ќе знаете како се чувствуваат и што мислат за вас, дури и ако тие можеби мислат дека тоа одлично го сокриваат.

Mycaката сите ја пpaват со мeco, но овој peцепт е можеби и подобap: 3aменете го мecoто со оваа cocтојка, а вкycoт е загарантиpaн

Мусаката на многумина им е едно од омилените јадења поради неодоливиот спој на месо и компир, но и поради тоа што брзо се приготвува. Сепак, постои уште една вкусна варијанта на овој рецепт, а замена за месото се печурките.

Состојки:

1кг. компири, 500гр. шампињони, 1 главица кромид, 1 морков, мешавина од суви зачини, бибер, сол, 3 јајца, 200мл. млеко и масло.

Подготовка:

Пропржете го кромидот и морковот, додадете ги шампињоните и зачините и пак пропржете.

Во огноотпорен сад изрендајте го компирот на танки кругови, па ставајте ред фил, ред комири.

Печете 10 минути на 200 степени па извадете го садот и јадењето прелијте го со јајцата и млекото, потоа печете уште 30 минути.

УЖИВАЈТЕ!

(Видео) “Ѓорчев “избриша под” со новиот потпретседател предлог на СДСМ и ДУИ, Рамчиловиќ?”

Владеачкото мнозинство денеска во Собранието го изгласа пратеникот Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател, а тоа предизвика жестока реакција од поранешните сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот.

Неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев посочи дека во Собранието има пет поптретседатели и пет земеници на генераниот секретар за да се задоволат партиските апетитити.

-Вреди ли да се погази се за три месеци да бидете функционер. Дали треба да има конзистентност или да го менуваме мислењето два, три, четири и пет пати, праша Ѓорчев и додаде дека е очито оти со Рамчиловиќ имаат различни поимања и различни сваќања за чест и чесност.

Целосното обраќање на Влатко Ѓорчев погледнете го во продолжение:

Утре ги cлавиме cветите Козма и Дамјан, ако сте вepник пoмoлeтe се за бoлнитe

Православните верници утре ги празнуваат Св. бесребреници Козма и Дамјан.

Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование.

Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име.

Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.

Позитив на денот: Корпа за рециклирање пластика која храни кучиња скитници, ќе ве воодушеви (Видео)

Koрпа за рециклирање која секој пат кога ќе пуштите платично шише пушта храна за кучиња и ги храни кучињата скитници.

Видео кое едноставно не остави без зборови!

Пејачката Анета Наковска pacпали по министерката Царовска

Откако се крена голема време по изјава на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, дека со 17.000 денари едно семејство може да живее сосема солидно, реакциите на социјалните мрежи се уште не стивнуваат.

Иако министерката Царовска се извини и преку социјалните мрежи се оправда дека нејзината изјава била извадена од контекст и испревртена, на социјалните мрежи се уште се води жестока дискусија за нејзиниот гаф.

Па така во критиките кон Царовска се вклучи и фолк пејачката Анета Наковска со следниот коментар.

(Видео) Огнена топка ги вознемири Американците: Метеор тежок 100 килограми го пробил звучниот ѕид

Камен метеор тежок 100 килограми поминал над Мисури и го пробил звучниот ѕид.

Од НАСА велат дека метеорот, кој заблескал на небото над Сент Луис, се одделил од појасот на астероиди меѓу Марс и Јупитер и стигнал до Земјата.

Иако тежок околу 100 килограми, бил со големина на кошаркарска топка, пренесуваат американските медиуми.

Се ближи сезоната на руска салата: Овој рецепт е толку едноставен што ќе го правите многу често

Нема куќа во која за празниците не се припрема омилената руска салата. Иако постојат неколку рецепти, ви го претставуваме наједноставниот, а ви гарантираме дека вкусот е одличен.

Состојки:

150 гр. компир, 150гр. моркови, 150гр. грашок (може и замрзнат), 150гр. кисели краставички, 200гр. шунка, 300гр. мајонез, 2 варени јајца, лажичка сенф, 2 лажички лимонов сок, сол и црн бибер.

Подготовка:

Компирот и морковот исецкајте ги на ситни коцки. Ставете ги во сад со посолена вода и гответе околу 3 минути. Грашокот варете го околу 15 минути додека не стане мек. Шунката, киселите краставички и варените јајца исецкајте ги на коцки. Сите состојки промешајте ги и додадете го мајонезот, лимоновиот сок, сенфот и зачините. Добро промешајте и ставете ја салатата во фрижедер да се излади. Сервирајте ладно!

Добар апетит!

(Видео) Приказни кои создаваат кошмapи: Екипажот исчезнувал, а бродовите останувале

Екипажот исчезнувал- бродовите останувале. Каде таинствено исчезнувал екипажот на бродовите сред океан во целосно мирно време? Ова се случувало во 1872 година. Трговскиот брод “Dei gratia” во близина на Аризона се доближил до необичен, празен брод. Морето било мирно. На хоризонтот, освен празниот брод немало ништо.

Морнарите од “Dei gratia” се качиле на празниот брод и биле шokиpaни, бидејќи на бродот не пронашле ниту еден човек. Бил празен, но според нив екипажот неодамна го напуштил. На палубата имало сеуште облека која била ставена да се суши. На масата имало чаши со топол чај и лулиња од кои излегувал чад. Во кабината на капетанот пронашле златен часовник…

Бидејќи на бродот сеуште се наоѓале чамците за спасување, морнарите кои се качиле веднаш започнале да го надгледуваат морето, надевајќи се дека ќе пронајдат нешто.

Другиот офицер на бродот “Dei gratia”- Оливер Дево покасно изјавил дека се’ изгледало како екипажот на брзина и во паниka да го напуштил бродот.

“Прилепчанец го собра гневот на 450.000 МАКЕДОНЦИ” (Видео)

Во напната атмосфера во вчерашното издание на емисијата Само Вистина на Канал 5 во која учествуваше и Тимчо Муцунски, советникот за надворешна политика на премиерот Дане Талески навреди стотици илјади граѓани на Македонија нарекувајќи го ВМРО најголемо зло (21,30 од видеото).

Советникот на Заев е кандидат за амбасадор на Македонија во НАТО.

Од независноста на земјата во 1991 година досега ниту еден политичар не навредил со толку тешка квалификација толку голем број на граѓани, во случајов гласачи на најголемата партија.

Од навредите се огради дури и новинарката на Канал 5 Елизабета Галевска.