Џудо Клубот „СЕИШИН“- Прилеп продолжува со активности, покрај на спортски план со тековните подготовки за престојните Државни Првенства и Турнири, овојпат презеде иницијатива за овозможување услови за понатамошното образование на своите членови.
Имено се работи за овозможување на стипендии за студирање на Додипломски и Постдипломски студии на самостојната високообразовна школа (БАС), „Бизнис Академија Смилевски“ -Скопје, одделение за дисперзирани студии -Битола. Поконкретно станува збор за остварување на соработка и поддршка помеѓу двете организации, при што е договорено стипендирање на одреден број членови на клубот СЕИШИН во текот на школската година, врз основа на одредени критериуми. Членовите на „СЕИШИН“ ќе можат да користат стипендии за студирање на БАС за додипломски студии, за Оперативен менаџмент и постдипломски студии за Стратегиски менаџмент, почнувајќи од учебната 2016/17 година.
На оваа тема пред членовите и раководството на џудо клубот „СЕИШИН“ – Прилеп на 07.03.2016, презентација на програмата за студирање, одржаа претставниците на „БАС“, Проф-Д-р Тони Соклевски и Доц.Д-р Лидија Стефановска. Членовите на клубот беа задоволни од извршената презентација и изворно се информираа околу останатите детали за студирање.
Потоа Џудистите членови на „СЕИШИН“ – презентираа дел од вештините на џудото како олимписки спорт.
Џудо Клубот СЕИШИН – Прилеп во следниот период ќе продолжи да работи на овозможување дополнителни услови за своите членови, со цел остварување поголеми спортски резултати.