“Џабе полициски час: Комшии на советникот од ДУИ си градат дивоградби во ек на пандемија?”

Охрид СОС на својата ФБ страна објави фотографии на кои се гледа дека некој гради објект на брегот на Охридско Езеро на потегот каде има десетици дивоизградени хациенди и вили.

ПОСТОТ НА ОХРИД СОС ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ:

“Деновиве, намаленото движење на луѓето некои наши сограѓани го искористија за да извршат одредени градежни работи, без да бидат забележани. Сепак, до нас стигнаа овие две фотографии, каде на брегот од Охридското Езеро, на стотина метри од бетонската база на советникот Усеини, се поставуваат темели на објект. Откако пред неколку години тогашната владејачка партија овозможи овие „хациенди“ на потегот од хотел „Далјан“ до специјалната болница „Свети Еразмо“ да се легализираат, сега сопствениците малку си ги надградуваат и прошируваат парцелите. Неодамна им се реновира и сообраќајницата па сега остана да се средат и дворовите. И така легализацијата на дивоградбите продолжува, тоа им одговара и на СДСМ Охрид и на О.К. ВМРО – ДПМНЕ – ОХРИД (официјална страна). Неспособноста на институциите, почнувајќи од Општина Охрид само се потврдува, а „заложбите“ и „акциите“ се само мртво слово на хартија, вест за еден ден, обид за краткотрајно замајување на јавноста, додека во стварност нити една платформа целосно беше отстранета, нити еден нелегален објект беше урнат, нити една казна беше изречена или концесија одземена. Само се купуваше време”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.