Ѓорчев-Косидо: Македонија, Шпанија, ЕУ и САД се заедно против тероризмот, засилување на соработката со Народната партија на Шпанија

Пратеникот Влатко Ѓорчев како шеф на македонската делегација во ПС на ОБСЕ оствари билатерална средба со Игнасио Косидо, пратеник во шпанскиот парламент и член на Комитетот за борба против тероризмот кој доаѓа од редовите на Народната партија, сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на Европската народна партија (ЕПП).

На средбата Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелните состојби во Македонија, со акцент на назадувањето на демократските процеси и отворениот прогон и репресија врз ВМРО-ДПМНЕ.

Двајцата соговорници го истакнаа значењето на борбата против тероризмот како заедничка борба на Македонија, Шпанија и ЕУ, во соработка со САД и останатите сојузници од евроатлантската заедница.

Во рамките на конференцијата на Сенатот на Шпанија, Ѓорчев оствари средба со Теодоро Домингез, висок комесар на шпанската Национална полиција, како и полковникот Валентин Диаз Бланко, заменик шеф информативниот сервис на граѓанската гарда на Шпанија.

Раководителите на шпанските безбедносни служби ги презентираа нивните искуства и препораки во борбата против тероризмот, со осврт на неколку децении активна борба против тероризмот во Шпанија.

Исто така, пратеникот Ѓорчев го посети главниот штаб на националната полиција на Шпанија, како дел од меѓународната делегација на парламентарци.

Воедно, Ѓорчев оствари посета на главното седиште на Народната партија на Шпанија во Мадрид, при што договори засилување на соработката помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Народната партија во наредниот период.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.