Жестока дебата синоќа во емисијата “Само вистина” на “Канал 5 Телевизија”, помеѓу пратениците Хари Локвенец од СДСМ и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Во еден дел од емисијата пратеникот Локвенец реагираше за погрешниот изговор на неговото презиме, па на тоа имаше што да каже Влатко Ѓорчев:
“Господине Локвенец, Вие се буните за АКЦЕНТОТ на Вашето презиме, а НЕ Ви пречи што менувате ИМЕ на државата?
Прекрстувате ДРЖАВА со 2 милиони граѓани и око НЕ ви трепнува?
Референдумот пропадна, народот го сака уставното име Република Македонија”, рече Ѓорчев.