Секој посакува венчањето да му помине безпрекорно и тој ден да го памети како најубав во животот. Младите посебно се чувствителни на тоа па некогаш и претереуваат.
Една млада исто така направила листа на гости со инструкции за облекување и однесување на церемонијата, а еден шокиран гостин го објави тоа на Интернет.
Подолгиот список на ,,правила “ почнува со молба гостинот да дојде 15 до 30 минути порано. На гостите строго им се забранува да носат бела облека, крем или боја слонова коска. Жените не смеат да имаат силна шминка, а од фризури се дозволува само коњски реп или обичен кок.
Важно е правилото дека не смее никој да снима во текот на цела церемонија ниту да објавува на социјалните мрежи без одобрување од младите.Најважно од се потенцирано со големи букви е тоа што Никој не смее да разговара со невестата.Подарокот не смее да биде под 7.500 денари.