Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска е во Прилеп и ќе присуствува на поставувањето камен темелник за почеток на изградба на нова детска градинка во населбата “Точила”.
Шахпаска најпрво го посети Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, една од институциите која во изминатите 4 години ја следат сериозни скандали во работењето.
Кога е веќе во Прилеп, да се потсетиме на неколку “легендарни” изјави на министерката:
Кога веќе минималната плата ја покачија за цели 260 денари, добро е на прилепчани да им каже, дека од наредниот месец ќе можат да си купуваат уште кило мелено плус, ама од поевтиното.
Заедно со Шахпаска во Прилеп беа и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче.