Војводата и војвотката од Сасekc, Хари и Меган, мора да се откажат од “кралскиот бренд” откако одлучија да се повлечат од дворот и финансиски да се осамостојат, пишува Дејли Мејл.
По долготрајните и сложени разговори, се верува дека британската кралица и другите истакнати личности од дворот се согласиле дека “не е во ред” парот да ја користи придавката “кралски” во своето брендирање, наведува весникот.
Хари и Меган, како што се напоменува, потрошиле десетина илјади фунти на новиот сајт “Саcekc ројал” за да ја направат нивната Инстраграм страница популарна.