Актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, на претстојните локални избори ќе се натпреварува за уште еден мандат како кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дознава Фокус.
Јанчев е еден од најуспешните стопанственици во Македонија и еден од најуспешните градоначалници во историјата на државата.
Во изминатите 4 години, Јанчев речиси секојдневно имаше што да објави на социјалните мрежи и да се “пофали” со нови и нови реализирани проекти во градот во Тиквешијата.
Доказ за тоа е неговата Фејсбук фан страна, каде може да се види колку градот на виното се развиваше и се промени во овие 4 години.
Нови улици, нови булевари, паркови, зеленило, одлично уреден центар на градот… се работеше речиси во сите делови на градот и речиси во сите населени места.
Колку и да звучи нескромно, но вистината е таа. Јанчев неуморно работеше да го промени животот на кавадарчани на подобро.