Во стилот на Зоран Заев, замислете Сугарески си напишал дека го реализирал проектот “Пречистителна станица” во Прилеп. Колку ли треба да имаш грешен пи ар за да ја направиш ова катастрофална грешка?
Сугарески се плаши да каже јасно и гласно дека е жител на Република Македонија и од тој страв ги греши и проектите во набројувањето.
Тоа го нема напишано во ниту една изјава, иако прилепчани се чудат дали со тоа сака да каже дека Македонија за него не постои. Не е јасно како би го казниле ако напише Македонија?
Како рубрика “весела математика” еве дел од лудориите за денес од неговиот профил. За вистинитоста на бројките проценете вие.
„Како министер за транспорт и врски, Сугаре не направи ништо за Прилеп!“.
Ова е најчестата флоскула која во недостиг на аргументи, а во желба за девалвирање на моите резултати, ја користат опозицијата и медиумите блиски до нив, со надеж дека 100 пати повторената лага ќе стане вистина.
Бидејќи ќе водам позитивна кампања заснована на факти, и во оваа прилика со конкретни податоци и бројки ќе ја потсетам јавноста на дел од проектите кои беа реализирани во прилепскиот регион, во периодот кога бев на чело на Министерството за транспорт и врски:
Изградба на клучка кај ТИРЗ „Прилеп“
• Вредност: 4.000.000 евра
Ревитализација на трансформаторска станица „Прилеп 1“
• Вредност: 1.100.000 евра
Реконструкција на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола
• Вредност: 1.000.000 евра
Реконструкција на патот Прилеп – Вештачко езеро
• Вредност: 680.000 евра
Рехабилитација на патниот правец Лагово-Штавица-Витолиште
• Вредност: 650.000 евра
Преку изјави за медиумите и објави на социјалните мрежи, граѓаните на општина Прилеп ќе бидат информирани и за останатите инфраструктурни и други проекти кои беа реализирани во градот и населените места за време на мојот министерски мандат, меѓу кои се и рехабилитацијата на патните правци Фариш-Дреново, Кадино Село-Галичани, изградбата на канализациона мрежа со пречистителна станица во с.Мало Коњари, канализација со с.Големо Коњари и многу други.
Почитувани, пред фактите молчат и боговите – напиша Сугарески.
Сугарески заборавил да го напише експресниот пат Прилеп-Градско и автопатот Битола-Прилеп…можеби се работи за ненамерна грешка…
П.С Добро е линкот од “Макфакс” во продолжение за изградбата на пречистителната станица да го прочита Сугарески и во иднина сам да си ги пишува статусите, а не да го срамат од неговиот тим.