Хуманитарна поетско-музичка вечер на Св. Трифун во Прилеп: Дојдете и помогнете за возобновување на домот од семејството Спиркоски

Во петок, 14.02.2020, со почеток од 20:30 часот, во фоајето на Центарот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп, ќе се одржи “Поетско-музика вечер”.

Настанот е во организација на “Лajoнс клубот” од Прилеп, а истиот има хуманитарен карактер.

“Заедно, за нашиот празник Св.Трифун опиени од МАЛКУ вино и МНОГУ љубов, ние – подмладокот од Lions заедно со талентираните деца од средните училишта на Општина Прилеп, Duo acoustic Катерина Попоска – вокал и Илија Чакароски – гитара и The Dreamers, ви нудиме незаборавна вечер. Лео Клуб – Прилеп за вас, а сите заедно СПЛОТЕНИ да помогнеме на фамилијата Спиркоски за обновување на опожарениот дом. Љубете, уживајте и донирајте. Најубава комбинација е да наздравите во име на љубовта со чаша црвено вино!”, напишаа организаторите на настанот на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.