Вчера околу 18 часот и 30 минути во Прилеп, 30-годишниот Т.В. најпрвин и се заканувал, а потоа и физички ја нападнал неговата седумнесетгодишна девојка. Насилникот, според податоците од полицијата, ја нападнал неговата девојка во ресторан покрај вештачкото езеро, откако му соопштила дека сака да ја прекине врската со него.
Таа тргнала накај дома, а прилепчанецот со патничко возило ја стигнал пред бензинска пумпа, застанал и и’ се заканувал, по што излегол и со рацете ја влечел за коса, ја отворил вратата одвозилото, насилно ја внел на совозачкото седиште, продолжил да ја влече за косата и ја удирал со рацете по лицето и телото. Потоа со туркање ја извадил од возилото, го напуштил местото на настанот и се упатил во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилникот.