ФОТО – ПОСТАВЕН КРСТОТ ВО ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР: Руската амбасада донираше величенствен крст во чест на руските монаси!

Руската Амбасада во Македонија постави мермерен крст во Лешочкиот манастир во чест и спомен на руските монаси кои на почетокот на дваесеттиот век емигрирале од Русија во Македонија и живееле во манастирот.

1

Руските монаси тука ја остварувале својата служба, пренесувајќи ги обичите и верата од Македонија во Русија и обратно, при што дале голем влог и придонес во обновувањето на монаштвото во Македонија.

2

Крстот, по налог на амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак е изработен од високо-квалитетен мермер, а изработката е уникатна, односно истиот е изрезбан од еден мермерен блок, наместо да се прави на делови па потоа да се склопува. Ваквиот начин на изработка е многу редок и ексклузивен, но долготраен и впечатлив.

4

3




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.