Насилството и понижувањето кое полицијата го применува во земјите ширум светот, главно ги погаѓа најсиромашните и најранливите.
Додека се повеќе држави во светот воведуваат карантин, милијарди луѓе се соочени со рестриктивните мерки построги отколку што се очекуваше. На полицајците во одредени држави им се дава дозвола- експлицитна или “тивка наредба”- да го контролираат однесувањето на граѓаните на начини кои во демократските држави се сметаат за екстремни, пишува Гардијан.
Полицијата во Кенија пред неколку дена се извини и изрази сочувство поради смртта на 13-годишното момче кое беше застрелано од полицајците кои патролирале низ градот.
Работниците во Њу Делхи ги прскаат со средство за избелување кое може да ја оштети кожата, очите и белите дробови, пренесува Индијан Експрес.
Слични мерки за понижување се применуваат и во Парагвај, каде луѓето кои ќе го прекршат карантинот се приморуваат на некакви гимнастички активности, додека им се закануваат со електрошокови. Некои се приморани да лежат со лицето кон земјата и да повторуваат:”Ветувавм дека нема повторно да излегувам од дома”.