Светот одбележува 49 години на едно од “најголемите достигнувања” на човештвото, слетувањето на Аполо 11 на Месечината.
Тој 20-ти јули 1969 година во 22:56 часот по источно време, додека 600 милиони луѓе ширум светот го гледаа на ТВ неверојатниот подвиг, астронаутот Нил Армстронг слета на површината од Месечината и ја изговори познатата реченица :”Ова е мал чекор за човекот, но голем за човештвото”.
Слетувањето на Месечината е едно од најважните обележја на човечката цивилизација, а неговото значење и денес се истакнува. Меѓутоа, по се изгледа дека ниту еден друг настан не бил толку контроверзен и не бил толку голем извор за теории на заговор. Речиси 50 години некои луѓе истакнуваат дека овој настан е најголемата светска измама.
Happy #MoonDay! Today, 20 July, is the 49th anniversary of the Apollo 11 Moon landing. Image: @NASA pic.twitter.com/IjOi4ak5uB
— Royal Observatory (@ROGAstronomers) July 20, 2018
На Месечината слетаа двајца астронаути, Нил Армстронг и Баз Олдрин, а многу фотографии го потврдуваат тоа. Меѓутоа, скептиците се прашуваат кој ги создал тие фотографии, ако само тие двајца биле на Месечината.
On this day in 1969: first moon landing pic.twitter.com/M7eoAT8jSq
— Jon Erlichman (@JonErlichman) July 20, 2018
Buzz Aldrin, photographed by Neil Armstrong before moon landing tomorrow 1969: pic.twitter.com/QutwcuFN3A
— Michael Beschloss (@BeschlossDC) July 19, 2018
#OnThisDay 1979: The 10th anniversary of the first moon landing: the heart-stopping minutes preceding "The eagle has landed" #FridayFeeling #FridayFlashback #space #nasa pic.twitter.com/ihKDYwLbhv
— Evan Kirstel (@evankirstel) July 20, 2018