Уште една промашена сезона на Арсенал. Навивачите на лондонскиот клуб повторно немаат причина за славење, бидејќи нивниот клуб ја има поразителната деветта позиција на табелата и едвај чекаат сезоната да заврши.
Многу пари вложени во играчи кои воопшто не допинесуваат на теренот. Особено иритира ситуацијата околу Месут Озил.
Германскиот фудбалер во последно време повеќе седи на трибините, отколку на клупа. Арсенал сака да се ослободи од него, но нема заинтересирани купувачи. Меѓутоа, Месут не се грижи премногу. Него оваа ситуација сосема му одговара.
Тој седи на трибините, а платата уредно му легнува на сметка. Тој оваа сезона одигра 23 утакмици, а од моментот кога продолжи првенстовто, Озил нема одиграно ниту една минута. Неговата плата е 350.000 фунти неделно.