Фестивалскиот четиридневен маратон во Прилеп започна. “Пиво Фест 2016” ги прими веќе првите гости, а стандардно како и секоја година, прво се полни штандот на Златен Даб од Прилепска пиварница. Таму веќе се бара стол повеќе, а на посетителите им годи сенката и ладното пиво.
Четиринаесеттото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп годинава се очекува да го посетат повеќе од 350.000 гости, сместувачките капацитети се полни, организацијата од старт е беспрекорна, има многу скара, многу видови на пиво и забава за сите категории на граѓани и љубителите на различни жанрови на музика.
Повелете во Прилеп и наздравје !
А.Г.