(ФОТО) “Нова порака за Градоначалникот и Министерот Сугарески од сопственикот на угостителскиот објект во Прилеп?”

Угостителскиот објект “Тhe Gallery House Pub”, кој пред извесно време беше затворен, откако комуналната инспекција на општина Прилеп го собра од објектот целиот инвентар од летната бавча, предизвика лавина реакции во јавноста.

Според Бисерко Тркља кој беше сопственик на локалот, комуналните инспектори без никакво предупредување или налог го одзеле инвентарот, откако тој по претходен договор со инспекторите уплатил 40.000 денари од заостанатиот долг во висина од 89.000 денари.

Сопственикот пак на објектот, Киро Стојаноски, изјави дека партиско полициски структури сакале да му го земат под кирија објектот, па токму поради тоа следувале ваквите дејствија.

Пред неколку дена на објектот од затворениот локал осамна транспарент на кој пишува:

“Ја повикувам локалната власт на чеко со Градоначалникот на Советот Миле Талески, Комуналниот раководител Блаже Димоски и сите вработени во локалната самоуправа!! Градоначалниче вие бевте првиот што викавте нема рушење со “хилти”, летни бавчи, затворање објекти, а сега има трактори за ѓубре од Комуналец што безправно му наредивте да ги товараат масите, столиците и сепарината (инвертар вреден илјадници евра) и фрлени во некои хангари да ги јадат глувците. Заборавивте дека вие истите од ОО СДСМ седевте на тие столици и маси пиевте безплатно, собиравте политички поени!”

Денеска сопственикот постави нов транспарент на кој стои следнава порака:

“Ја известувам македонската јавност и граѓаните на град Прилеп: Јас Киро Стојаноски самоиницијативно ја отстранив конструкцијата на летната бавча, а сега тоа да го направи господинот министер Горан Сугарески и сите останати летни бавчи блиски до власта и до градоначалникот. Воедно ја повикувам локалната власт на чело со Илија Јованоски-Муцето да превземат мерки и активности како за обичните граѓани, така и за луѓето од власта и блиски до власта!! А власта е сервис на граѓаните”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.