(ФОТО) Да ја зачуваме убавината на храмот! Вечерва не оставајте свеќи по ѕидовите, калдрмата и плочките во дворот на црквите, затоа што неповратно се оштетуваат

Во пресрет на вечерашната богослужба кога ќе биде возгласено Христово воскресение, сите оние верници кои ќе го посетат храмот “Св. Петка”, управата на храмот љубезно ги замолува да внимаваат со свеќите, да не дозволуваат непотребно капење на восок по калдрмата и плочките во дворот и да не оставаат запалени свеќи низ истиот затоа што неповратно се уништува и со ништо не може да се отстрани восокот и саѓите од каменот и плочките.

Да се грижиме и да ја зачуваме убавината на храмот за следните генерации. Ви благодариме! Среќни велигденски празници!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.