Вратата на деканатот на Филозофкиот факултет во Ниш од надворешната страна е заѕидана, а деканката Наталија Јовановиќ вели дека влезот е заѕидан затоа што секретарките имале проблем со промаја.
Таа вели дека претстои реновирање.
Фотографијата од заѕиданиот деканат во Ниш беше споделена на социјалната мрежа Твитер, а граѓаните и архитектите не останаа неми на ова.