Традиционално во Куманово за 11-ти Октомври се вози Mеѓународна велосипедска трка. Оваа година беа пријавени шест странски екипи и тоа oд Србија: “Партизан”, “Лотус”, “Спутњик”, “Цикломанија” и oд Бугарија: “Омега” и “Вереја”.
Нашите велосипедисти од Велосипедски Клуб & Сервис “ИЛИНДЕН“ – Прилеп, возеа во категориите Кадети со двајца велосипедисти, и Јуниори со еден, и докажаа дека местото им е на врвот.
Трката на кадетите беше неверојатна за прилепскиот клуб. Двајцата наши велосипедисти беа во бег од прв круг и завршија далеку пред конкурентите, кои воедно се и шампиони во своите држави. Тимската работа и тимскиот дух кои го покажаа се за голема почит.
Кадети:
Никола Ристески освои I место
Константин Костоски II место
Во трката на Јуниорите, Андреј Маџоски се бореше сам против сите, и успеа да ги изненади конкурентите со неговата подготвеност. Во целта влезе пред велосипедистот од “Спутњик” од Ваљево и заслужено се избори за медал.
Јуниори:
Андреј Маџоски III место
Честитки до велосипедистите и до тренерот Драган Димитријоски од ВК и Сервис „Илинден“ за освоените медали.