Пожарите го пеплосувaaт зеленилото во околината на Прилеп.
Најпрво избувна пожарот кај село Подмол мариовско, што опасно се закануваше да ги зафати и куќите во селото.
Веднаш потоа избувна голем пожар кај планинскиот превој Плетвар, кој зад себе остави огромна површина во пепел.
Активен беше пожар и кај манастирот Св. Преображение во близина на селото Зрзе, а најновиот пожар вчера се закануваше да го зафати манастирот Св. Димитрија кај село Селце.
Фотографиите во прилогот докажуваат колку сериозен беше пожарот и што остави зад себе.