Фејсбук ги прави луѓето среќни

Најновото истражување спроведено од страна на Leibnitz Knowledge Media Research Venter во Германија покажа дека социјалната мрежа Фејсбук ги прави повеќето од луѓето среќни.

fejsbuk

Резултатите покажаа дека е поголем бројот на луѓе кои покажуват задоволство од туѓите позитивни објави и убави фотографии на Фејсбук, отколку завидливи или љубоморни.

Пријатели кои објавуваат позитивни објави и убави фотографии сепак успеале кај мнозинството свои пријатели да измамат насмевка на лицата, што најдобро зборува за вистинското влијание на Фејсбук.

Затоа, ако не сте расположени посетете го Фејсбук, можеби некој од вашите пријатели одлучил на сите да ви посака убав ден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.