Македонската јавност со нетрпение го очекува ТВ дуелот помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев.
Во средата Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел со цел пред граѓаните да се разговара, како што рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, за нетранспарентноста за преговорите за името со Грција, за сите фаули на полето на економијата, на немањето реформи во образованието, во здравството и за сите погрешни политики кои што се случуваат оваа измината една година.
Од Владата веќе наредниот ден истакнаа дека Заев го прифатил предлогот, но откако Мицкоски побара ТВ дуелот да се одржи во среда (23.05) на Македонската Телевизија, од Владата молк.
Граѓаните со право со нетрпение го очекуваат овој дуел, особено ако се знае дека толку многу работи се случија изминатата година, почнувајќи од договорот за добрососедство со Бугарија, Законот за употреба на јазиците, преговорите за името со Грција, до проблемите на домашен план, односно скандалите поврзани со високи владини претставници, министри, стагнирањето на економијата и стагнирањето на големите инфраструктурни проекти започнати од претходната влада.