6-годишниот Петар Стефановски од Крушево откако е роден ја чувал и растел неговата косичка. Неговиот татко како мал имал иста таква долга кога, па за да се потсети на тоа време посакал и неговиот син да биди како него.
Но, подоцна неговата мајка добила идеја еден ден косата да ја даде на некое детенце кое поради болecт ја изгубило својата.
Така низ годините Петар бил се поинтересен за околината, а луѓето го помешувале со неговата сестра Михаела.
Мајката Александра вели дека не е баш лесно да се одржува толку долга коса која е виткана и бара истрајност и за детето и за мајката, но желбата беше поголема од се’.
Во изминатата година дена Петар започнал да прашува: “Кога ќе му ја пратиме косата на детето, ајде побрзо, оти сакам на тоа дете да му ја стават косата и да излези од болница, да оздрави веќе еднаш”.
Сега неговата коса е веќе испратена за Холандија за уште едно среќно детско лице.
Нека овој гест на семејството Стефаноски и на малиот Петар бидат една порака до сите за хуманост. Подадете рака таму каде што е потребно, за повеќе детски насмевки ширум светот.
На ист ваков гест претходно се одлучи и Kaлина Стојаноска од Прилеп, која исто така ја скрати својата коса и ја испрати до холандската организација “Haarwensen”, која изработува перики за деца болни од pak.