Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и од ООУ „Сабедин Бајрами“ од Камењане, тетовско, беа гости во претседателскиот кабинет на претседателот на државата, Стево Пендаровски, и заедно со него ја китеа новогодишната елка.
-Денеска заедно со нашите гости, ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и од ООУ „Сабедин Бајрами“ од Камењане, тетовско ја накитивме елката во Кабинетот и го проследивме настапот на нашиот светски шампион во модерен танц, Анди Исмаили и на децата од инклузивната група на танцовото студио „ЕУРЕКА“. Им благодарам на нашите денешни гости за веселата дружба и убаво поминатото време заедно – напиша Пендаровски на социјалните мрежи.
Со денешните гости, ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и од ООУ „Сабедин Бајрами“ од Камењане, тетовско ја накитивме елката во Кабинетот и уживавме во настапот на младиот танчер Анди Исмаили и на децата од инклузивната група на танцовото студио „ЕУРЕКА“ pic.twitter.com/Oe5QI2B8rm
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) December 20, 2022