Урнебесно видео: Јапонец отишол во Србија учел српски само поради Ѓоковиќ и конечно го запозна

Иори Јошида е непознато име за пошироката јавност, но тоа нема да биде така уште долго време.

Вчера Јапонецот си ја исполни желбата и конечно го сретна својот идол Новак Ѓоковиќ. Неговата приказна и поврзаност со српскиот тенисер датира од 2011 година, една од најдобрите години во кариерата на првиот светски рекет.

Инспириран од неговата игра и форма, тој побарал од татко си да се пресели во Србија. Овој му дозволил, па Иори наредните четири години ги поминал во Панчево.

Периодот го искористил за да научи српски јазик, а ќепабите му станале омилено јадење.

Погледнете ја блиската средба на Јапонецот и Ѓоковиќ на турнирот во Токио:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.