Студентите од Универзитет Скопје, од 13-16 декември беа учесници на Меѓународниот гастрономски натпревар ,,Гастро Истанбул – 2023,, кој се одржуваше по дваесетти пат во областа Тузла Марина.
Студентите под менторство на проф. Даниела Пантич Влахович – меѓународен судија, се натпреварува во 4 категории (паста, пилешко, риба и модерно јадење).
На овој јубилеен натпревар, кој е организиран од страна на турската готварската федерација TASFED и господин Бајрам Озрек, во конкуренција од 23 држави, студентите се закитија со 7 златни и 2 бронзени медали.
Прилепчанецот Христијан Јандриоски освои 3 златни медали, Бојана Богоеска 2 златни медали, Виктор Арсоски и Дијана Петковиќ зедоа по 1 златен и 1 бронзен медал.
Универзитет Скопје е горд на своите студенти, горд на нивниот успех, а со оглед на фактот дека овие студенти беа единствени претставници од Македонија, ова е и успех за нашата држава.