Уапсена прилепчанка: Полицијата при претрес на возило и’ пронашла марихуана

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Џ.А.(29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При контрола во патничко возило „опел астра“, во кое се превезувала пријавената, извршена на регионалниот пат Кичево-Осломеј, полициските службеници кај неа пронашле и одзеле марихуана – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.