Планинарите од еколошко планинарското друштво „Картуш“ и оваа година по 12-ти пат ќе го организираат планинарскиот марш по Селечка планина. По тој повод повеќемина планинари денеска остварија средба со градоначалникот Марјан Ристески.
„По 12 –ти пат ПСД „Картуш“ на 21 мај ќе го организира традиционалниот планинарскиот марш по Селечка планина посветен на Петре Андоноски – Музичарот. Сите учесници треба да поседуваат добра физичка подготвеност, а како организатори обезбедуваме бесплатен ручек како и многу други награди од спонзорите“, посочи Ристо Димоски од ПСД „Картуш“.
„Денеска во мојата канцеларија се најреномираните планинарски друштва кои организираат доста тури, но оваа тура секогаш ја организираат во месец мај. Оваа здружение има одлична соработка и поддршка од локалната самоуправа“, истакна градоначалникот Марјан Ристески.
На турата учество ќе земат околу 600 гости од земјава и странство, а традиционалниот планинарски меморијален марш е долг 20 километри.