Тешка сообраќајка во близина на Прилеп: Голф со прилепски таблици удри во бензиска пумпа

Во 23,15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола на место викано Беровци патничко моторно возило “Голф“ со прилепски регистерски таблици управувано од 19-годишниот А.Т. од селото Дреновци изгубило контрола над возилото и удрило во столб за точење на гориво и метален столб од бензиската пумпа.

Во незгодата возачот и сопатникот И.Т.(19) се здобиле со телесни повреди, додека сопатничката М.Т.(19) се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општата Болница Прилеп за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.