23-годишниот крилен играч Лука Трајкоски е трето засилување на ФК Вардар во летниот преоден рок.
Во својата досегашна кариера талентираниот прилепчанец има настапувано за екипите на Победа, Борец и Македонија Ѓорче Петров, забележувајќи над 100 настапи во првата македонска фудбалска лига.
-Му посакуваме успешни настапи и многу победи во најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар – напишаа од клубот на социјалните мрежи.
https://www.facebook.com/photo/?fbid=683424473826623&set=a.347321244103616