Сугарески да биде казнет од МВР, побара Левица и ги цитираа членовите од 3aконот

Од општинскиот огранок на Левица Прилеп побараа МВР да издаде Уплатници за глоби за сторени сообраќајни прекршоци за Сугарески и неговите сопартијци.

Ги повикуваме МВР-Прилеп да покренат постапки за издавање на Уплатници за Глоби за сторени сообраќајни прекршоци на
лицата од фотографииве објавени на Фејсбук профилот на Сугарески:

Слика 1:

Ги попречуваат другите учесници во сообраќајот (казниво), не се движат што поблиску до десниот раб на коловозот (казниво), бидејќи се во група не се движат еден позади друг (казниво), добар дел од нив се алкохолизирани (казниво)

Слика 2:

Узурпирање на обележана велосипедска патека (казниво), неовластено блокирање на текот на сообраќај (казниво), попречување на кандидат за возач за време на оспособување (висока морална одговорност и строго казниво)

Слика 3:

Попречување во работата на итната медицинска служба (висока морална одговорност и строго казниво)
Предвидена е глоба во износ од минимум 50 евра во денарска противвредност за секој прекршител!

Наш предлог:

Да престанат да служат за лош пример и да внимаваат да не пропаднат во шахтите за кои што беа одговорни да ги санираат!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.