Соте Андрески беше најсреќен од 30 учесници кои скокнаа по Светиот крст во водите на Крушевското езеро.
На манифестацијата која започна во 12 часот присуствуваа околу 1000 верници, крушевчани и гости.
Градоначалникот на општина Крушево, Ѓорѓи Дамчески на најсреќниот му подари пригодни подароци.