Сопственик на ноќен клуб во Прилеп нападнат со шипки од пијани гости

Четириесет и три годишниот прилепчанец Г.Р., сопственик на ноќен клуб, вчера утрината пријавил дека бил нападнат од посетители на клубот.

metalni-sipki

Според пријавата посетителите В.К., З.Д., Д.Н. и уште неколку непознати лица кои биле во алкохолизирана состојба, заминале од клубот без да ја платат сметката.

-Истите во 04.20 часот,  маскирани и со железни шипки се вратиле во клубот, ја скршиле влезната врата, со спреј-солзавец го испрскале и физички го нападнале Г.Р. и со шипките во раце се движеле по масите на присутните и шанкот на објектот, кои во страв и паника почнале да бегаат и да излегуваат од локалот, информираат од полицијата.

Во општата болница во Прилеп на Г.Р. му се констатирани расекотини во пределот на главата.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.