Русија ги започна подготовките за најголемата воена вежба од почетокот на Студената војна.
Русија во наредниот месец ќе ги одржи најголемите воени маневри во последните четири децении, порача рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
Во големата воена вежба “Исток 2018”, на самиот исток од земјата, на крајот од август и почетокот на септември ќе учествуваат речиси 300.000 војници.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во понеделникот рече дека престојната вежба ќе биде “најголема од 1981 година, без преседан по големина и број на единици кои учествуваат”.
Во вежбата исто така ќе учествуваат повеќе од 1.000 авиони, две руски морнарски флоти и сите воздушни единици, рече Шојгу.