Се претставувал како Игор Џамбазов и преку Фејсбук барал пари за донација за дете!

Непознато лице преку Фејсбук профил со името на шоуменот и актер Игор Џамбазов барало донации од граѓани, пишуваат на фан страницата на социјалната мрежа на Џамбазов.

-Пред извесно време бевме извесени дека некој го злоупотребува името и делото на Игор Џамбазов. Иако беше ојбавено на почетокот на месецот за овој случај, сепак профилот е сè уште активен. Затоа ве замолуваме да го пријавите лажниот лик кој има за цел да изнуди пари за наводно собирање донации, пишува на фан страницата.

Ова не е првпат во името на шоуменот да бидат барани донации. И во 2017 година имаше случај кога лице користејќи го името на Игор Џамбазов бараше парти од граѓаните.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.