СЕ ЗАОСТРУВААТ МЕРКИТЕ НА ЗАШТИТА: Забрана за собири, откажување концерти, угостителските објекти ќе работат со скратено време

Владата воведува нови заострени заштитни мерки со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги соопшти дополнителните мерки кои се воведуваат на предлог на Комисијата за заразни болести.

-се забрануваат сите јавни и приватни собири без разлика на бројот на учесници

-угостителските објекти ќе работат со скратено работно време до 18 часот со внатрешни преполовен капацитет (задржување на дистанцата од 1,5 – 2 метри)

-се откажуваат сите кино проекции, театарски претстави и концерти

-се откажуваат сите хронични пациенти чија претходно закажана интервенција може да се одложи, ќе има само итни и неодложни хируршки интервенции – исто важи и за прегледите

-продолжување на терапијата на хроничните пациенти кои досега требаше да одат на специјалист – од наредните денови тоа ќе може да го сторат и кај матичните лекари, а ФЗОМ ќе направи измени во правилникот (нема да важи за новодијагностицирани)

Министерот посочи дека во разговор италијанските колеги кажале дека по воведувањето на најригорозните мерки во Италија немале нови случаи на заболени во најпогодените места.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.