СВЕЧЕНО ПОЛАГАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА KYU ПОЈАСИ ОД ЏК ПРОЛЕТЕР

DSC_0335

Крајот на месец мај и крајот на училишната година, е време кога џудистите на Пролетер традиционално како и секоја година оддржуваат полагање и промоција на KYU појаси во џудо, пред комисијата на клубот.

DSC_0361

По предходна покана и на наше големо задоволство, нашите џудисти имаа можност своите научени техники да ги прикажат пред  лиценциран тренер од Европска Џудо Унија, Khaled Simmons, кој воедно е и интернационален тренер на Велика Британија со највисок степен  level3. Исто така и тренерите на школите за џудо на Пролетер, проф. Славе Димитријоски  4 дан -главен тренер и селектор на репрезентативните селекции и помладиот тренер Александар Димитријоски 1 дан. Во убава и спортска атмосфера можеа да учествуваат и родителите и да ги согледааат бенефитите на џудо спортот,  да се уверат како нивното дете правилно ги развива  физичките способности (Издржливост, сила , агилност , флексибилност, брзина ), секако и да се здобијат со доверба и нови пријателства.

DSC_0373

DSC_0377

img-5727[2]

Вкупно на промоцијата присуствуваа 43 натпреварувачи на Пролетер, од кој најбројни 28 ученици на полагањето, беа учениците со бели појаси, кои што се стекнаа со 5kyu жолт појас, за портокалов појас  положија 10 ученици, за зелен појас  3KYU, положија 4 ученици  и за 2KYU плав појас, усшежно положија Теодора Димеска и Велкоски Дарко.

После успешното полагање на сите учесници им се обрати тренерот Димитријоски, се заблагодари за напорната работа и стекнатите појаси,  со надеж дека во иднина очекува уште подобар и посериозен ангажман од сите кои тренираат во овој најтрофеен и најреномиран Џудо клуб во Р.Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.